Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Митрески: На маргиналните политичари не треба да им се обрнува внимание

Маргиналните политичари го црпат менталитетот на Балканот, мислејќи дека така ќе добијат политички поени, оценува координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостувањето во ТВ21, коментирајќи ги изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

-Се е исценирано за да се направи проблем при отворањето на Уставот и за создавање тензии од двете страни на границата. Ова е за ситни политички поени. Такви политичари подгреваат таква реторика во државата за да влијаат на чувствата… на моите, како Македонец, а секако и на сите граѓани. Не треба да им се обрне внимание и да им се стави крај. Не може да доаѓаат во нашата земја и да кажуваат дека не постојат Македонци, да ја негираат нашата држава. Треба конечно да се сопрат, а двете држави треба да развиваат добрососедски односи, рече Митрески.

Можеби ќе ве интересира

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК