15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Се залагаме и социјалната компонента да се одвива непречено за секое дете

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска, го отвори инклузивното игралиште во клонот 3 од јавната детска установа „Детска радост“ во Струмица. Со поддршката на кинеската амбасада вакви инклузивни игралишта се изградени и во Крушево и во Кривогаштани.

„Како Министерство се залагаме секое дете да добива соодветна грижа и услови за соодветен раст и развој, затоа се градат сè повеќе градинки, се зголемуваат капацитетите со цел секое дете да има можност да биде дел од предучилишното воспитание и образование“, рече Министерката во своето излагање.

Таа посочи дека особено е запазена социјалната компонента во градинките и можноста секое дете да биде вклучено во детската игра.

„Ме радува тоа што со овозможувањето вакви игралишта придонесуваме кон тоа раскажувањето на децата за нивните денови во градинката да не бидат проследени со негативни чувства на неприфаќање, туку со среќни детски спомени“, истакна Тренчевска.

При посетата на градинката од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат беа доделени играчки за градинката.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК