15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Обилни врнежи од дожд и снег – Метеоцентар со детална прогноза

Утре претпладне се уште ќе има врнежи од дожд кои во источните делови ќе бидат пообилни, а на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.

Потоа во следните денови ќе преовладува облачно и постудено време со локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег.

Прогноза за 25.01.2023
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 1°C до 8°C

Претежно облачно, понекаде со кратки сончеви периоди и со послаби врнежи од дожд, на планините и на повисоките места претежно во северните делови од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 26.01.2023
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 1°C до 8°C

Променливо облачно со повремени слаби до умерени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 27.01.2023
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 0°C до 7°C

Променливо облачно со повремени слаби врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува.

Спонзорирано: