25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Инвестираме во образованието, над 18 милиони евра за капитални проекти во 2023 година, рече Санела Шкријељ

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка:

СДСМ преку Владата што ја предводи постојани инвестира во образовниот систем.

Во изминатите пет и пол години сериозно се инвестираше во изградба на нови и реконструкција на постоечки објекти на основни и средни училишта ширум државата.

За 2023 година за капитални инвестиции предвидени се 18,3 милиони евра или 8,9 отсто повеќе средства споредено со 2022 година.

Оваа година ќе започне изградба на објект за потребите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а ќе продолжи и изградбата на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во Скопје.

Целосно нов објект ќе се гради за кумановската гимназија „Сами Фрашери“ и целосно ќе се реконструираат сите девет државни студентски домови.

Оваа година ќе започне и реконструкцијата на 118 училишни објекти, а фокус ќе биде ставен на изградба на нови тоалети за ученици, оспособување на тоалетите за ученици со посебни потреби и поставување на пристапни рампи.

Во 2023 година ќе започне изградбата на 10 нови спортски објекти во училиштата.

Претходната година завршена е испораката на мебел за опремување на кабинети по природни науки за 264 основни училишта, како и испораката на опрема и нагледни средства за кабинетите по природни науки за 358 училишта.

Покрај инвестициите во објекти и опрема, сериозно инвестираме и во платите на вработените во образованието.

Од 2017 година па до денес, платите во основното и средното образование се зголемени за вкупно 36 отсто.

Како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во образованието и да градиме современ и ефикасен образовен систем кој ќе ги подготвува идните генерации.

линк до видео:https://youtu.be/8pzUP64slg4