Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Богоев: За првпат темпото на евроинтегративниот процес зависи од нас самите, да ја искористиме приликата

Потпреседателот на СДСМ, Стефан Богоев вечерва гостуваше во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма каде одговараше на прашања поврзани со бројни актуелни теми.

Осврнувајќи се на денешната седница на Советот за безбедност и заклучоците од неа, Богоев истакна дека СДСМ е на линија на ставот на претседателот Стево Пендаровски.

„Верувам дека сите се почувствуваа непријатно по настаните и изјавите кои ги даваше Џамбаски со неговата група при одбележувањето на Мара Бунева. Во таа насока логична е реакцијата на претседателот Стево Пендаровски и тоа што го презентираше на Советот за безбедност“ порача Богоев.

Во делот на евроинтегративниот процес, потпретседателот Богоев посочи дека за првпат кога во прашање се евроинтеграциите, се зависи од нас а од некоја земја членка на Унијата и дека тоа треба да го искористиме, додавајќи дека и во ВМРО-ДПМНЕ постојат иднивидуи кои сметаат дека треба да го искористиме моментот.

„Во највисоките структури на ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои сметаат дека нивната партија не треба да продолжи да го следи курсот на Димитар Апасиев и Левица, што води во изолација и против членство на Македонија во ЕУ“ порача Богоев, додавајќки дека Христијан Мицкоски е во заложништво на Апасиев, па затоа често пати дава радикални изјави со цел да им се додвори на гласачите од крајната десница.

На прашање околу стабилноста на парламентарното мнозинство, Богоев изјави дека Мицкоски цела година зборува дека има 61 пратеник во Собранието, но денес, сите зборуваат за проширено парламентарно мнозинство предводено од СДСМ.