11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

ВИСТИНСКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Се роди едно од најголемите бебиња на сите времиња тешко 7,3 килограми!

Едно од најголемите бебиња било родено во Бразил на 18 јануари – тешко 7,3 килограми и високо 59 сантиметри!

Клеидијане Сантос дос Сантос го родила својот син Анџерсон со царски рез во болница во Паринтис во бразилската држава Амазонас.

Оваа 27-годишна Бразилка отишла во болница на рутински преглед и консултации, но лекарите сфатиле дека бебето е преголемо за да чека редовен термин за породување.

Бебето моментално е во инкубатор и е во стабилна состојба, а и мајката се чувствува добро.

– Не очекував вакво изненадување, мислев дека ќе има околу четири килограми, но се покажа дека има повеќе од седум. Нашето чудо. Сакам да му се заблагодарам на тимот во болницата, тие добро се грижат за мене и ми даваат поддршка. Да не беа тие, не знам што ќе се случеше со мене – рече Клеидијане, која го има ова петто дете.

Андерсон е новото најголемо бебе во државата Амазонас, а за малку ќе го сруши националниот рекорд кој беше поставен во 2005 година кога се роди момчето Адемилтон тешко 8 килограми.

Во болницата во која е родено бебето моментално собираат средства за нова облека за новороденчето со оглед на тоа што не му стои бебешката облека и работите кои ги подготвиле родителите.

Болницата бара облека и пелени за деца на возраст од девет до 12 месеци.

Инаку, најголемото бебе било родено било девојчето Ана Бејтс, родено во Италија во 1955 година – тежело 10,2 килограми!

Спонзорирано: