Centar.mk
БИЗНИС

ЕСМ Продажба објави повик за снабдување со природен гас за февруари за топланите и други потрошувачи во државата

ЕСМ Продажба спроведува постапка преку јавен повик за прибирање понуди од домашни и странски лиценцирани фирми регистрирани за дејноста кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за месец февруари 2023 година за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Р. Северна Македонија, кои снабдувањето ќе го вршат преку ЕСМ Продажба.

Јавниот повик како што информираат, трае од 20.1.2023 до 24.1.2023г и понудувачите на истиот треба да достават податоци за нивната понуда во однос на техничките карактеристики на гасот, земја на потекло, гаранција, фиксна цена за MWh, вкупна количина која се нуди и изјава од одговорното лице на понудувачот дека може да ги обезбеди наведените количини во периодот за кој се дава понудата, односно за февруари.

Покрај јавниот повик, домашните лиценцирани фирми за дејноста се и директно контактирани од страна на ЕСМ Продажба, со цел запознавање со повикот и можно поднесување понуда.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ПАРИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ, ТРГНА ИСПЛАТАТА НА К-15 – Еве колку треба да добијат работниците и какви казни им се закануваат на фирмите што нема да платат

ДЕСК

УБАВА ВЕСТ ЗА СКЕНИРАЧИТЕ НА СМЕТКИ – Еве до кога треба да легнат парите од „МојДДВ“ на трансакциските сметки

ДЕСК

ОБЈАВЕНА НОВАТА КУРСНА ЛИСТА ЗА 14 НОЕМВРИ – Еве колку вредат еврото, доларот, фунтата и швајцарскиот франк

ДЕСК