Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се спрема нов закон за учебници, МОН со повик до јавноста да даде придонес во креирање квалитетно решение

Со цел подигнување на квалитетот на содржината на учебниците, како и подобрување на процесот на откуп и одобрување учебници во основното и средното образование, Министерството за образование и наука и Педагошката служба иницираат процес за изработка на нов закон за учебници за основното и средното образование.

Почитувајќи ги принципите на транспарентност и инклузивно креирање политики и законски решенија, МОН и Педагошката служба упатуваат повик до сите заинтересирани да го разгледаат постојното законско решение објавено на следниот линк, кое е основа за изработка на нов закон и да дадат свои сугестии и предлози на електронската адреса kabinet@mon.gov.mk, најдоцна до 28.2.2023 година.

Секој конструктивен предлог ќе биде предмет на дискусија од страна на посебна работна група формирана за оваа намена по што, откога ќе биде креирана нацрт-верзија на новото законско решение, ќе биде проследена до Владата, а потоа и до Собранието на финална дебата и конечно усвојување.

Потребата од ново законско решение во интерес на образовниот систем и квалитетот на воспитно-образовниот процес во државата е очигледна. Неопходно е поставување повеќе дополнителни филтри за контрола при изработка и одобрување на содржината на учебниците, но и изнаоѓањето начин за поттикнување што поголема конкуренција да учествува на јавните повици за одобрување учебници.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК