Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се продавало хероин во близина на кавадаречко училиште, приведени две лица

Полицијата приведе две лица од Кавадарци поради продажба на хероин во близина на училиште во градот.

„Приведени се О. Б. (39) и А. М. (42), двајцата од Кавадарци, поради тоа што А. М., во близина на училиште во Кавадарци, му продал хероин на О. Б.. Потоа, врз основа на наредба од Основниот суд Кавадарци бил извршен претрес во домот на А. М., при што бил пронајден и одземен хероинот“, соопшти МВР.

Лицата се приведени во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +