Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarБизнисВо тренд...

Ново поскапување на горивата – Еве колку ќе чинат бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,90 % во однос на одлуката од 16.1.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 7,084%, кај дизелот за 4,546%, кај екстра лесното масло за 4,351% и кај мазутот за 5,491%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,777%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,355 ден/кг и сега ќе изнесува 40,814 ден/кг.

Од 21.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 83,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,814 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.1.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.