27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски во Курбиново: Црквата „Св. Ѓорѓи“ е на пат да се најде на листата на УНЕСКО

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше во посета на ресенското село Курбиново, каде што се наоѓа еден од најзначајните споменици на културата, манастирската црква „Св. Ѓорѓи“, позната по најстарото сочувано ѕидно сликарство и несекојдневен пример на византиската уметност од крајот на XII век. Тој додаде дека во ова место се реализирани неколку проекти за заштита и конзервација со што активно се работи на зачувување на културното богатство.

-Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново е веќе впишана на тентативната листа на УНЕСКО, што е прв чекор во процесот на впишувањето на едно добро на Листата на УНЕСКО на светско наследство. Ќе завршам со еден од најголемите борци за признавањето на македонскиот јазик, Крсте Петков Мисирков, кој вели: „За среќа, има македонска национална култура и историја и тој факт го вооружува македонскиот народ, со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот, како рамноправен член во бројот на културните народи“, рече Ковачевски.

Според премиерот, визиите на Мисирков и на Конески ги остварува денешната генерација, со огромни заложби на Владата.

-Сакам на крај да изразам огромна благодарност до министерката за култура, до нејзините колеги во министерството, до раководителите во ова училиште кој ќе работат на неговата комплетна реконструкција. Сакам да се заблагодарам и на невладините организации кои што во текот на изминатите години и децении постојано го промовираа овој крај и неговото значење за македонскиот јазик. Исто така и на поединци кои се наши општествени работници, дел од нив и медиумски работници кои што исто така не оставија да ова училиште биде оставено на забот на времето а Владата потврдува преку веќе одобрениот проект и одобрените средства дека ова руинирано училиште ќе стане еден од назначајните споменици на македонскиот јазик и воопшто на нашата култура и идентитет, нагласи Ковачевски.