Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Снег вее на овие патни правци – АМСМ со известување за состојбата на патиштата

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК