Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани коишто го прославуваат празникот според јулијанскиот календар и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан.

“Почитувани сограѓани,

Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и најискрено да посакам пред се добро здравје, радост, среќа и бериќет.

Чинот на фрлање на светиот крст и годинава ќе не собере покрај македонските води за заедно да го посведочиме јавувањето на Бог и да ги наполниме срцата со надеж и верба.

Симболиката на прочистените води нека ни биде мотив за духовно прочистување и инспирација за добри дела.

Да негуваме разбирање слога и човекољубие, постојано дарувајќи љубов, грижа и внимание.

Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление- Водици!”

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +