Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

107 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест мерки за управување под дејство на алкохол.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за недавање на првенство на минување на пешаци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

Васев: Семејството и образованието треба да бидат првата линија на превенција од насилство

ДЕСК

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПРИВЕДЕН ВО БЕЛГРАД ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО – Деветнаесетгодишник осомничен за вооружен напад од 2025 година

ДЕСК

НОВА ШЕФИЦА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ – Искра Хаџи Василева денеска ја презема функцијата од Ислам Абази

ДЕСК