11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Ќе падне ли МКЦ пред самоволието на Данела и директорската амбиција на Бени Шаќири?

Откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го смени в.д. директорот на МКЦ, Ванчо Богоев, се повеќе кулурни работници реагираат на ваквата одлука и на правецот во кој ќе се води оваа институција.

Богоев, кој повеќе од 30 години е дел од МКЦ за в.д. директор беше назначен токму од Арсовска, а неговото разрешување доаѓа откако тој не подлегнал на притисоците од Град Скопје за да потпише две вработување, меѓу кое и тоа на Арбен Бени Шаќири.

Токму за Бени Шаќири се шпеклира дека е намерата на градоначалничката Арсовска да биде поставен за нов директор на оваа институција, без притоа да се спроведе отворен конкурс.

Од програмскиот колегиум на МКЦ реагираат дека нивната институција е повторно на мета на партиските игри и дека новата година започнува со низа лоши вести за нив.

„И покрај признанието кое дојде како круна на нашето работење со наградата ‘13 Ноември’ за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ. Првата е онаа дека буџетот ни е доведен до само 8% од годишниот буџет со кој работевме минатите години, а веднаш потоа и последните случувања во начинот на инсталирање на директор во МКЦ“ реагираат од Програмскиот колегиум.

Како нов в.д. директор на МКЦ е назначен Никола Алексов, кој е дипломиран детектив, без никакво искуство и позадина во културна институција, а како што кажаа од програмскиот колегиум на МКЦ во оваа институција тој бил вработен пред неколку дена преку Агенцијата за привремени вработувања.

Спонзорирано: