5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Со дигитализацијата на оригинални ракописи испишавме историја и од научен аспект

Македонскиот јазик е аманет со кој треба да се гордееме бидејќи само преку негувањето и зачувувањето на нашиот јазик и неговата изворна содржина, ќе може да го зачуваме и сопствениот идентитет, рече премиерот Димитар Ковачевски на завршувањето на капиталниот проект – Дигитализација на картотеката на македонски зборови. Тој нагласи дека за јазикот се избориле генерациите пред нас, а нам ни е оставен како завет од кој не смее да се откажеме.

-Како Влада која одговорно се однесува кон зачувување на историските и културните вредности, докажуваме дека и понатаму ќе се грижиме и ќе овозможуваме зачувување и конзервација на нашите идентитетски вредности, кои нѐ прават да бидеме исклучителни во својата уникатност во светската ризница на културни и идентитетски вредности, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека со денешниот настан се одбележува историско поглавје во развојот на македонскиот јазик, бидејќи преку дигитализацијата на овие оригинални ракописи се пишува историја и од научен аспект.

-Би сакал од мое лично име, како и од име на Владата на Република Северна Македонија, искрено да се заблагодарам на Министерството за култура, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Фондот за иновации и технолошки развој, како и на Архивскиот дата центар „Инбокс“ за успешната реализација и грижата со која работевте изминатава година, со цел трајно да се зачуваат оригинални македонски записи, стари со векови, и со тоа да се обезбеди континуитет во зачувување на нашите културни вредности, заклучи премиерот.

Спонзорирано: