4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Потребно е да се забрза трансформацијата на општеството која ја носи ЕУ, тоа им е важно на граѓаните.

„На граѓаните им е потребен квалитетен живот, сигурност и стабилност. И овде нема ништо необично, ништо претерано, тоа се теми на дискусии на сите зрели европски општества со силни и ефикасни институции. Затоа е потребно да се забрза трансформацијата на општеството која ја носи процесот на преговори со ЕУ“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека како држава имаме многу работа бидејќи сме на стартот на преговорите, но имаме добра основа и мотивација да чекориме континуирано со едно солидно темпо кон завршување на овој државнички процес.

„Текот на скрининг процесот се одвива со предвиденото темпо и мораме да ја задржиме оваа динамика во текот на целиот процес на преговори со ЕУ. Како Влада покажавме силна политичка волја и искрена желба за напредок во евроинтеграциите. Имаме и јасно поставена цел, членство во големото европско семејство до 2030 година. Многумина велат дека тоа е многу амбициозна цел, но јас ќе речам не е и невозможна“ рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека Владата што ја предводи има јасен план и поставена цел и затоа е потребно фокусирање во спроведувањето на реформската агенда, а граѓаните да почнат да ги чувствуваат придобивките од преговорите со ЕУ.

„Јас сум свесен и за одговорностите и за предизвиците, но сето тоа го правам бидејќи верувам во Северна Македонија и ви должам токму вам. Темелни цели на моите, а со тоа и на владините политики се стабилен и постојан економски раст, нови инвестиции, квалитетни работни места, правна, социјална, здравствена, образовна сигурност“ рече Ковачевски.