10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Кузеска: Рекордни 465 милиони евра за капитални инвестиции во 2022 година

„Одговорните и ефикасни мерки на Владата предводена од СДСМ даваат резултати и тоа е поткрепено со официјални податоци. 2022 година ја завршивме со најголема реализација на капитални инвестиции досега, во вкупна вредност од 465 милиони евра. Реализирани се скоро 90 отсто од планираните капитални проекти, што е највисок процент во споредба со претходните 10 години“ рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„За СДСМ инвестициите во патната инфраструктура, во капитални инфраструктурни објекти е врвен приоритет. Ако за 11 години во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени и рехабилитирани 650 километри патишта, сега, за пет години имаме 1.300 километри патна инфраструктура, рехабилитирана и изградена, за што инвестирани се над милијарда евра“ рече Кузеска.

Таа порача дека „за оваа година во буџетот се планирани 800 милиони евра за капитални инвестиции, што е дури 51,8 отсто повеќе отколку за 2022 година. СДСМ како одговорна партија продолжува со мерките и политиките кои обезбедуваат развој, европска перспектива на земјата и европски услови за живот на граѓаните“.

Спонзорирано: