Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: НАТО утврдува со каква опрема се справуваме со хибридните закани, тие не учествуваат во истрагата за лажните дојави

Хибридните закани може да потекнуваат од геостратешки причини, политички причини и економски причини, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ24. Тој сепак додаде дека и авантуризмот е еден дел од ова што се случува.

-Тука особено мислам на претежно малолетни лица кои дојавуваа за вакви поставени експлозивни направи. Таков случај имавме со малолетник од Скопје, за кој е поднесена кривична пријава за тероризам, таков случај имавме и во Кавадарци со малолетник, имаме случај расчистен во Делчево за лице од Тетово кое се јавило дека се поставени бомби во Делчево во јавни институции. Последен случај беше со повозрасна жена со лоша здравствена состојба, рече Спасовски.

Тој додаде дека обезбедени се докази за овие случаи и поднесени се кривични пријави во Обвинителството.

-Од друга страна со ВПН-конекциите ги имаме останатите закани, кои ги споделуваме со сите наши домашни агенции, со Европол, како и Интерпол, но и земјите-членки на НАТО. НАТО не работи на истраги на овие закани, но тие можат да ги видат сите ресурси и опрема со која располагаме за да се справиме со овие напади, кажа Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК