Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: Хибридните напади ќе останат во фокусот на МВР

Мирна и стабилна е безбедносната состојба во државата, без посебни индиции дека таа може да биде нарушена, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ24. Тој кажа дека на безбедносната состојба влијанија имаат случувањата од воената агресија на Русија во Украина, но исто така и други аспекти, како што се економска кризата и енергетската криза, но и случувањата во регионот.

-После Украина секако се зголемија и хибридните напади, но со нив ќе продолжуваме да се справуваме. Сајбер криминалот ќе биде во фокусот и во иднина. Ние немаме подигнато ниво на безбедност. Важно е да се остваруваат нашите стратешки приоритети, особено мирот и стабилноста кај нашите граѓани, рече Спасовски.

Според него, состојбата и покрај сите случувања сега е во нормала, но многу е важно да се прават и проекции за наредниот период.

-Тие проекции ги правиме особено според видот на криминалитетот и тука можат да се вклучат сите безбедносни органи, кажа Спасовски.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

УБИСТВО ГО ПОТРЕСЕ БОГДАНЦИ – Полицијата излезе со детали

ДЕСК

Фрчкоски: Кога седна Орце во фотељата кога омилената фрима на ВМРО доби тендер?

ДЕСК

Удрил во полициски службеник и побегнал

ДЕСК