Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се срерна со амбасадорка на Грција, Филипиду

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, денеска се сретна со амбасадорката на Грција во Македонија, Софија Филипиду.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања, како и за економската состојба.

Мицкоски на средбата истакна дека евроинтеграциите на Македонија мора да бидат врз основа на мерливи копенхашки критериуми, а не врз основа на понатамошни поткопувања на македонскиот идентитет.

Во врска со уставните измени претседателот Мицкоски потенцира никој нема добиено мандат на избори за нив и дека ВМРО-ДПМНЕ, но и мнозинството граѓани, се против и додаде дека уставните измени се уцена што не ѝ дава на Македонија никакви гаранции дека нема да има нови блокади во иднина.

Во однос на економијата, Мицкоски посочи дека државата е пред целосен колапс со инфлација највисока во Европа и граѓани што секој ден сѐ посиромашни бидејќи власта не е способна да ги заштити и не носи соодветни мерки.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека единствено поле на кое власта е успешна е во креирањето криминал со коруптивни скандали на дневно ниво. Мицкоски нагласи дека за излез од ситуација потребни се предвремени парламентарни избори што побргу.

Можеби ќе ве интересира

ТЕТОВЕЦ ПРИВЕДЕН ПО ОБИД ЗА РАЗБОЈНИШТВО: Со пиштол барал пари во угостителски објект – бил пијан

ДЕСК

ПО СОНЧЕВИТЕ ПЕРИОДИ ДОАЃА ПРЕСВРТ: Следува НЕВРЕМЕ проследено со дожд, грмежи и засилен ветер

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ДОКУМЕНТИРА СЛУЧАЈ: Скопјанец нападнат на подрачјето на Центар

ДЕСК