20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

“Алијанса за Европа”: Владината коалиција пред ново зацврстување со уште 8 пратеници?

Позитивните сигнали од Алијанса на Албанците навестуваат можност за проширување на владината коалиција со уште осум пратеници.

– Постои можност за влез во Владата. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација. Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата. Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот, рече Таравари.

Дали ова значи дека Алијанса на Албанците ќе стане дел од владината коалиција останува отворено прашање, но нервозата во опозицијата поради се поблиската бројка до 80-пратеници кои се потребни за реализирање на Уставните измени налага дека работите одат во таа насока.

Али Ахмети од ДУИ, партија која веројатно ќе отстапи позиции за Алијанса на Албанците, не ја исклучи можноста од проширување на владината коалиција.

– -Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, но има еден поопширен и поперспективен пристап, значи да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една алијанса за Европа, изјави Али Ахмети одговарајќи на новинарски прашања.

Според доброупатени познавачи на состојбите, реално е да се очекува Алијанса на Албанците да стане дел од владината коалиција, а не се исклучува и можноста ваквата коалиција како “Алијанса за Европа” заедничкки да настапи и на парламентарните избори во 2024 година кога во Македонија ќе се судрат про-европскиот и анти-западниот концепт.

Првите сигнали веќе се тука, а реално е кон средината на февруари да има разјаснета ситуација за тоа дали ќе имаме зајакнато владејачко мнозинство со про-европски концепт кое ќе ги истурка уставните измени или пак ситуацијата ќе остане статус-кво.

Спонзорирано: