11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи испрати училишен прибор и печки на дрва за Македонците во Албанија, најави и булдожер за чистење снег

Денеска беше упатен првиот дел од помошта за Македонците во Албанија.

Ученички ранци, училишен прибор за повеќе од 130 ученици и печки на дрва, се донација на Министерството за образование и наука, соодветно на потребите на училиштата каде настава посетуваат припадници на Македонското национално малцинство.

„ Посебно сум задоволен што денес успеавме да реализираме прв дел од помошта за Македонците од Албанија, за која лично се заложив при мојата посета на Требиште и Пустец, каде имав средба со Македонските здруженија од Албанија“ изјави Османи и додаде дека согласно барањето на жителите на Требиште, обезбеден е и булдожер за чистење на снег, кој ќе биде доставен за кратко време.

Османи се заблагодари на Министерството за образование и наука и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за обезбедената донација.

Нагласи дека Македонија ќе продолжи со обезбедување на поддршка за припадниците на Македонското национално малцинство во Албанија, како преку конкретна помош како денешната опрема за училиштата, така и преку поширока институционална поддршка за заштита и промоција на нивните јазични и културни особености во Албанија.

Спонзорирано: