Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

299 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (12.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 299 возачи.

Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 153 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 146 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

БРИСЕЛ СО КРИТИКИ, МИЦКОСКИ СО СПРОТИВЕН СТАВ – Нов спор за Кривичниот законик

ДЕСК

ИМА ЛИ ПРЕДИСТРАГА ЗА „АЛТА БАНКА“? – Државниот обвинител одби да открие пред пратениците

ДЕСК

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ НА ЧЕЛО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА – Избрано ново раководство

ДЕСК