Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ужас: Со дрвен предмет претепале пензионер, а потоа му одзеле 200 илјади денари

Како што соопшти МВР, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ѓ.(48) и М.С.(38) од Битола, поради постоење основано сомнение дека на 08.01.2023 околу 15.30 часот на улица „Солунска“ во Битола извршиле разбојништво.

Полицијата уште додава дека осомничените две лица кривичното дело го извршиле со физички напад на 67-годишен битолчанец, користејќи дрвен предмет, при што му одзеле пари во вредност од околу 200.000 денари.

ОД МВР велат дека СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на А.Ѓ. му одредена мерка притвор во траење до 30 дена, додека М.С., осуденик во КПУ Затвор Битола, е спроведен назад во затворот, каде веќе издржува затворска казна, се вели во полицискиот информативен билтен.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК