24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Не можам да тврдам дека туѓа агенда стои зад опозициското противење за промена на Уставот

„Ние имаме реторички консензус за членство во ЕУ, но реално немаме национален консензус или не под овие услови со оваа преговарачка рамка да продолжиме кон ЕУ. Прв услов е промената на Уставот“, одговори претседателот Пендаровски по настанот организиран во Клубот на пратеници од Советот на амбасадорите. на прашање од Фронтлајн – дали во Северна Македонија има консензус за членство во ЕУ.

Прашан дали тој може да помогнете со медијација да се дојде до таков консензус, Пендровски вели дека позициите на опозициските партии се толку вкопани така што не гледа маневарски простор дека тој може да помогне.

За непомирливите ставови на опозицијата и дали препознава во позадина туѓа агенда, Пендаровски вели дека не може да шпекулира и дека нема таква информација за да тврди дека зад ваквиот тврд став на опозицијата стои некоја туѓа агенда.

Денеска во Клубот на пратеници се одржува Амбасадорска тркалезна маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година“, во организација на Советот на амбасадори.

На тркалезната маса, како што е најавено, освен Пендаровски ќе се обратат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорите на Шведска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка и Романија, заменик-шефот на мисија од Амбасадата на САД, како и поранешните амбасадори Александра Наќева-Ружин, Зоран Јолевски, Ивица Боцевски и Тихомир Илиевски и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

Целта на настанот е размена на мислења во врска со евроинтегративниот процес на земјата и
регионот на Западен Балкан, како и по однос на најдобрите европски практики и домашната
реформска агенда на полето на борбата против корупцијата, со што Советот на амбасадори
дава свој придонес кон овозможување на поширока општествено-политичка дебата по однос
на овие значајни прашања, информира организаторот.

Амбасадорската тркалезна маса е годишен, настан на Советот на амбасадори, организиран под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

Љубиша Николовски/ извор Фронтлајн