24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Од 9.590 во 2015/16-та на 20.000 денари во 2023-та – минималецот за време на владеењето на СДСМ незапирливо расте

Од 9.590 денари кои биле минимална плата во Македонија до средината на 2016-та година, минималецот во 2023 ќе порасне на 20.000 денари.

Ова дополнително ќе ги подигне и платите на сите останати работници и ќе повлече покачување на просечната плата.

– Во март секоја година, согласно оваа методологија, ќе се усогласува минималната плата. Очекуваме минималната плата да биде околу 20.200 денари. Тоа е околу 12-13 отсто или за околу 2.000 денари повисока плата од 2022 година. А ако земаме наназад, кога минималната плата беше 9.000 денари, и тоа не во сите сектори, некои сектори исплаќаа и по 8.000 денари, сега во март ќе имаме плата над 20.000 денари, што е и повеќе од двојно. За 12.000 денари повисока минимална плата, изјави министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска за 24.

Минималецот низ годините растел споро, со години бил околу 8000 денари, за во 2015 да стигне 9.590 денари, а кон третото тромесечие на 2016-та да стигне нешто над 10.000 денари.

Погледнете како платата растела низ годините во табелата подолу.

Година/период Нето износ на минимална плата Бруто износ на минимална плата Начин на утврдување со Закон или со објава во Службен весник во кој се објавени висините Оддели со различно ниво од висината утврдена на ниво на Републиката (нето-бруто)*
2012 8.050 12.265 Закон (Сл.Весник на РМ, бр. 11/12) 6.263-10.393
2013 8.050 12.268 Објава (Сл.весник на РМ, бр. 40/13) 6.859-10.990
2014 8.800 13.140 Закон (Сл.весник на РМ, бр. 30/14) 7.500-11.696**
2015 9.590 14.114 Закон (Сл.весник на РМ, бр. 30/14) 8.050-12.403
2016-VIII 2017 10.080 14.739 Закон (Сл.весник на РМ, бр. 30/14) 9.000-13.540
IX 2017-VI 2018 12.000 17.130 Закон (Сл.весник на РМ, бр. 132/17) Изедначена висина
VII 2018-III 2019 12.165 17.370 Објава (Сл.весник на РМ, бр. 126/18) Изедначена висина
IV 2019-XI 2019 12.507 17.943 Објава (Сл.весник на РСМ,бр. 59/19) Изедначена висина
XII 2019 14.500 20.997 Закон (Сл.весник на РСМ, бр.239/19) Изедначена висина
I 2020-III 2020 14.500 21.107 Закон (Сл.весник на РСМ, бр.239/19) Изедначена висина
VII 2020-III 2021 14.934 21.776 Објава (Сл.весник на РСМ,бр. 75/20) Изедначена висина
IV 2021-III 2022 15.194 22.146 Објава (Сл.весник на РСМ, бр.80/21)
2022 18.000 денари /

Покачувањето на минималецот ќе повлече покачување на средната плата

Во март со покачувањето на минималната плата, сите вработени во државната администрација, кои земаат плата согласно Законот за административни службеници, ќе земат плата поголема за онолку проценти колку што е разликата односно процентот на пораст на трошоци за живот и порастот на просечната плата

Нема повеќе административци кои ќе земаат повисоки плати од Претседателот

Нацрт-законот за системот на плати во јавен сектор, кое МИОА го постави на ЕНЕР.

Се работи за драфт верзија за која ќе се  консултираат сите засегнати страни, институциите, синдикатите и други.

Ова треба да го униифицира системот на плати во јавен сектор, како на пример, лице кое работи во јавно претпријатие или агенција повеќе да нема плата повисока од судија на врховен суд или претседател на држава.

Со новиот Закон воведува систем кој значи постојан раст на платите во јавниот сектор, како што е воспоставениот систем на минимална плата и пензии.

Замрзнатите плати се веќе минато.

Изминатата година пораснаа платите на илјадници вработени во приватниот сектор, но и во државниот. Неверојатно покачување добија и наставниците од цели 15 проценти.