Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Генералниот секретар на Град Скопје добивал закани од обезбедувањето

Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров во полиција пријавил дека добивал закани од 43-годишниот со иницијали Е.С., кој пак, бил вработен како обезбедување во Град Скопје.

„На 09.01.2023 во 12.30 часот З.Г.(52) од Скопје пријавил дека околу 08.30 часот во канцеларија во град Скопје, каде е вработен како секретар, од страна на Е.С.(43) од Скопје, вработен како обезбедување, му биле упатени закани“, ни изјавија од МВР.

Со Е.С. бил извршен разговор во полициска станица и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопштија од МВР.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК