10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Богоев: Многу пореално е да се случат уставни измени, предвремени избори нема да има

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за емисијата „Утрински печат“ оцени дека е многу пореално да се случат уставни измени и дека предвремени парламентарни избори нема да има.

„Неспоредливо поголема е веројатноста да има 80 пратеници за уставни измени, отколку да има 61 пратеник за распуштање на Парламентот и предвремени избори. Тоа е логично, затоа што од една страна фалат пратеници кои треба да се одважат и да го препознаат историскиот момент за државата, да гласаат и со тоа дополнително да го забрзаат евроинтегративниот пат и да останат запишани како луѓе кои направиле нешто добро на надворешно политички план. А од друга страна го имаме Мицкоски кој вели дека пратеници од власта ќе гласаат за распуштање на Собранието. Тоа не е логично, затоа што овој пратенички состав има уште една и пол година мандат“ порача Богоев.

Богоев истакна дека реториката на Христијан Мицкоски кој со години се фали дека само што не направил ново парламентарно мнозинство е единствено за внатрепартиска употреба бидејќи тој е исплашен за својата фотелја во Белиот дворец

Можеби ќе ве интересира

Чувајте се, афричкиот топол бран чука на врата, температурите ќе достигнат и до 40°C – Метеоролозите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

ДИК оддржа седница по распишувањето на Локалните избори – донесени 12 точки на дневен ред

ДЕСК

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

ДЕСК