Centar.mk
СТЕФАН БОГОЕВ/ STEFAN BOGOEV
МАКЕДОНИЈАвест

Богоев: Европските интеграции сега не зависат од претседавачот со ЕУ, Атина или Софија, туку само од нас

“Дали и кога ќе ги отвориме поглавјата од преговорите со ЕУ и колку тие ќе траат сега комплитно зависат од нас како држава и институции. Ако пред години зависеше од Грција, од Франција или од Бугарија, сега зависи од нас. Колку побрзо ние ќе си ја завршиме домашната задача, пред се да се изгласаат уставните измени, да ги отвориме поглавјата и потоа колку брзо ќе ги спроведуваме реформите зависи само од нас“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Утрински печат“.

Тој додаде дека очекува Шведска професионално да претседава со Унијата, но кажа дека повеќе не е тема дали земјата претседавач е блиска со нас или со некоја друга земја, бидејќи го надминавме тој процес.

„Ова е најсериозната предност што сите овие години ја имаме. Работата зависи само од нас и тоа мора да го искористиме, без разлика кој претседателствува со ЕУ“ рече Богоев.

Потпретседателот на СДСМ истакна дека е поголема веројатноста 80 пратеници да гласаат за уставните измени, отколку 61 пратеник да поддржат распуштање на Собранието и предвремени избори.

„Пологично е пратеници да се одважат и да гласаат за да го забрзаат евроинтегративниот пат, да останат запишани како луѓе кои направиле добро и суштинско за државата, отколку пратеници од владејачкото мнозинство да гласаат за распуштање на Собранието“ рече Богоев.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК