Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Стружанец со сачмарка убил седум кучиња скитници

На 10.1.2023, во 17.15 часот, во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга бил извршен службен разговор со М. З. (62) од с. Ливада, Струшко.

Тој е осомничен дека во периодот од 6.45 до 7.15 часот, на улицата Владо Малески во Струга, со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници.

Од него била одземена ловечка пушка сачмарка во калибар од 16 мм.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 233 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК