Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Спасовски: Во 2022 Одделот за воздухопловни единици има реализирано значителен број на летови од страна на Хеликоптерска единица за полициски намени

Фејсбук статус на министерот Оливер Спасовски:

Во 2022 Одделот за воздухопловни единици има реализирано значителен број на летови од страна на Хеликоптерска единица за полициски намени.

▶️Потраги и спасување по исчезнати лица – 36 летови
▶️Транспорт на болни до медицински установи – 5 летови
▶️Противпожарни летови – 230 летови

Воедно, за потребите на полицијата извршени се 652 летови, како и 212 летови за обуки и проверки, 224 летови за тренажа и 12 летови за оддржување.

Хеликоптерската единица за полициски намени, во рамки на МВР постои од 1969 година и е опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“. Катастрофалните пожари од 2021 година беа сигнал за МВР да набави најсовремена опрема. Притоа, како раководство на МВР и на Одделот за воздухопловни единици, ги препознавме овие потреби на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот.

Така, со посебно задоволство би напоменал дека за Хеликоптерот „Бел 212“, обезбедивме најсовремена опрема, оспособен за гаснење на пожари – едно ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“. А, успешно е завршена и меѓународна обука од словенечката полиција и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари, за сите пилоти од Хеликоптерската единица за полициски намени
МВР е сервис на граѓаните во сите сегменти на полициското работење, а заштитата и безбедноста на граѓаните останува наш врвен приоритет. Продолжуваме и во 2023!

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК

Полицијата упадна во кафичи, кафеани и ноќни клубови во Скопје – на три места се точело алкохол на малолетници

ДЕСК

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово

ДЕСК