11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Ристески: Дали Муцунски гарантира дека Општина Аеродром нема да заврши со блокирана сметка по задолжувањето од 5,4 милиони евра?

Советот на Општина Аеродром на предлог на градоначалникот Тимчо Муцунски вчера изгласа одлука за почеток на постапката за задолжување на жителите на Аеродром од 5,4 милиони евра.

Задолжувањето е предвидено да се реализира преку издавање на денарска обврзница во висина од 330 милиони денари, со рок на отплата од 10 години и со засега непозната висина на каматата.

Општина Аеродром важи за една од најбогатите општини во државата и во своето 17 годишно постоење никогаш до сега не била задолжена.
– Не слушнавме никаква гаранција дека сметката на Општина Аеродром нема да биде блокирана во следните 5 години како што до неодамна беше блокирана сметката на Општина Карпош заради долговите на Стевчо Јакимовски, изјави во своето обраќање координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата, Милутин Ристески.

– Од одлуката се гледа дека од овие средства планирани се 2,5 градинки, а не 4 како што ветуваше пред изборите. Планирани се 2 доградби/надградби и 0 нови училишта. Ниту еден проблем не се решава трајно. Ниту недостатокот на градинки, ниту недостатокот на училишта, ниту недостатокот на паркинзи и улици, нагласи Ристески.

– Дополнително, овие средства ќе бидат искористени за покривање на неспособноста на „најдобрата менаџерка во Европа“ Данела Арсовска во делот на изградба на водоводна и канализациона мрежа, додаде Ристески.

– Наместо развој и решавање на проблемите, аеродромци добиваат нов проблем – долг од 5,4 милиони евра кој ќе го враќаат во следните 10 години. Конечно, во која програма Муцунски им вети на граѓаните задолжување од 5,4 милиони евра?, праша Ристески во своето обраќање на вчерашната седница на Советот на Општина Аеродром.

Спонзорирано: