Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Илон Маск изгуби повеќе од 200 милијарди долари?

Илон Маск може да додаде нова титула во своето резиме: Гинисов рекордер. Поради катастрофалната 2022 година, познатиот „Технокинг“ на Тесла влезе во книгите на рекорди, бидејќи неговото богатство се намали за 182 милијарди долари, беше објавено од страна на организацијата која се повикува на податоци на Форбс.

Од таму истакнуваат дека, иако точната бројка за загубата на Маск е речиси невозможно да се утврди, некои медиуми проценуваат дека тој изгубил повеќе од 200 милијарди долари, а сопственикот на Твитер го срушил претходниот рекорд, загубата од 58,6 милијарди долари на јапонскиот инвеститор Масајоши Сон во 2000 година.

Причината за падот на богатството се должи на падот на акциите на „Tesla“, кои изгубија приближно 65 отсто од нивната вредност во текот на најлошата година во историјата на компанијата.

Оваа загуба беше доволна да го симне од тронот како најбогат човек на светот – титула што сега ја има магнатот за луксузни стоки Бернард Арно.

Се разбира, Маск не е единствениот милијардер чие богатство се намали во 2022 година. Американските милијардери минатата година изгубија вкупно 660 милијарди долари, анализираат познавачите.

Падот на богатиот Маск, го спречи основачот на „Amazon“, Џеф Безос (Џеф) да го собори Гинисовиот рекорд.

Според коментарите на аналитичарите загубата од 80 милијарди долари на Безос во 2022 година сигурно ќе му ја донесеше титулата „најголема загуба“ да не беше Маск.

Неговиот колега Марк Цукерберг исто така го собори рекордот на Масајоши Сон со загуба од 78 милијарди долари.

Богатството на Маск некогаш беше дури 320 милијарди долари на крајот на 2021 година. Од 10 јануари, Форбс проценува дека неговата нето вредност е 142,1 милијарди долари, што го прави втора најбогата личност во светот пред Индиецот Гаутам Адани (125,1 милијарди долари).

Можеби ќе ве интересира

“Божиновска меѓу енергетските лидери на P-TEC форумот во Атина – фокус на новата трансатлантска соработка”

ДЕСК

УЈП на највисокиот европски самит на даночни администрации ТАДЕУС

ДЕСК

Роденденска промоција на „хnula.mk“, од 5ти до 10-ти ноември!

ДЕСК