Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Еве како скопјанец бил измамен за осумнаесет илјади денари

Според полицискиот билтен вчера во 15.30 часот во Полициската станица Велес, 60-годишен жител на општина Чашка пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.500 денари.

Според пријавеното, лицето му се јавило и му побарало услуга, а требало да се договорат во Скопје, каде што лицето имало магацин.

Како што информира полицијата, лицето побарало од него, при доаѓањето во Скопје, на друго лице да му даде 18.500 денари, кои ќе му ги врател кога ќе се сретнат, но откако ги дал парите и пристигнал во Скопје, повеќе пати безуспешно се обидел да стапи во контакт со лицето, по што сфатил дека бил измамен.

Можеби ќе ве интересира

Таксист натепан во СКопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО ГРУЕВСКИ ПО ДРАМАТИЧНИОТ ОРБАН: Анализа на можните сценарија

ДЕСК