Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонија

Битиќи до Груевски: Ветер и магла

Битиќи до Груевски: Ветер и магла

Ветер и магла

За време на овие магловити денови во Скопје, кои делуваат стерилизирачки за било какви промислувања кои се поврзани со развојот на државата, а посебно за борбата против корупцијата, бистри државнички провиденија и идеи ни дојдоа од ветровитата Будимпешта. „Гласот“ на минатото знае да прозвучи носталгично и да не потсети, со романтичарски призвук, на она што е позади нас, како нешто од кое нашето искуство, неправедено, не отргнува и не заведува на погрешни политички патеки, поплочени со криминал и корупција вели Битиќи.

Се огласи големиот државотворец, кој својот политички комфор, во кој уживаше од 2006, во 2016 година мораше да го напушти. Од двегодишната некомфорна зона избега во 2018 година, кога во еден ноемвриски ден излезот од сивилото на македонската „политичка магла“ го пронајде во автомобилски гепек.

Грижите за маглата во скопската котлина и откажувањето на летови од аеродромот во Петровец го разбудија од „интелектуалниот сон“, се огласи со наслов кој претендира да ја растера маглата од главите на граѓаните на Македонија, оние кои останаа во неа, и да даде одговор на тоа зошто се одложуваат авионските летови од Скопје, но не и на тоа зошто мораше да ја напушти својата возљубена татковина.

Останува непознато дали поранешниот премиер, во меѓувреме, завршил обука за контролор за летање или не, но насловот на неговото Фејсбук писание гласи „Не се одложуваат авионските летови заради маглата, туку заради криминалците во власта. Еве зошто!“.
Уважувајќи и признавајќи го неговото искуство околу тоа што значи криминал во власта, нашиот поранешен премиер претендира на глорификации на некакви, нему познати, успеси, чии траектори се разидуваат од тоа што значи развој и унапредување на една држава ослободена од корупција и националистички наративи.
Потсетувајќи на неговата посветеност на развојот и уверен во благодетот на неговата идеја за карго аеродром помеѓу Св.Николе и Штип, тој открива дека опстојувал во своето противење на препораките на меѓународните консултант и потенцијалните концесионери, дека тој проект нема да биде успешен. Во прво лице, „објаснува“ за тоа како ги изложувал своите развојни визии за овој аеродром, кој, според неговите проекции, би требало да прерасне во главен во државата.
Нашиот поранешен премиер „објаснил“ и дека „ во меѓувреме планираме изградба на автопат од главниот град кон Штип со што патот од Скопје до новиот аеродром би бил за околу 25 мин. возење што не е многу повеќе од сега до аеродромот до Петровец“.
Секако, во своето владеење тој не беше осамен, со својата тајфа „објаснувале“ дека концесија се дава на 20 години и дека сакале преместување на аеродромот од Петровец во Овчеполието, врз основа на некои проценки на поранешната Југословенска народна армија.

Незнам дали временската проценката од 25 минути од Скопје до нереализираниот карго аеродром, е направена врз основа на вкалкулирање на неусогласените косини на автопатотот со проектната документација за неговата изведба или не. Дали претпоставената брзина е во согласност со услови кога има врнежи и магла, како и одрони на оваа патна делница.
Во атмосферскиот магловит контекст на негово писание, се препознава една иронија која се развива до своите крајни граници. Додека Груевски ламентира за неизградениот карго аеродром во Овчеполието, како една ускратена шанса на авионите кои требаше деновиве наместо во Петровец да слетуваат на замислениот карго аеродром, и оваа македонска котлина тоне во магла.

Во оваа историско натегање помеѓу ветрот и маглата, Груевски успева да ја пронајде синергијата, заедничката врзивна точка помеѓу овие две крајно спротивставени метеоролошки појави и да промовира “ветер и магла“, или како што вели тој: „Но, владата одлучи долгорочниот државен и народен интерес да го стави пред краткорочниот.“

А како се ставаше државниот интерес пред краткорочниот во времето за кое македонската економија „тагува“?
Во своето писание не ја потсетува јавноста за тоа како „објаснувал“ или како „објаснувале“ во преговорите со „пројателите-кинези“ за изградбата на двата автопата – Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Еве како Груевски(НГ) и Јанакиевски(МЈ), за клучни инфраструктурни проекти, се спремаа за „објаснувања“ :
НГ: Миле што правиш?
МЈ: Добро, кај Кире сме на гости.

НГ: А така. За ова ти колку предлагаш?
МЈ: 5 на целото.
НГ: Што 5 на целото?
МЈ: 5%.
НГ: Не, не у точен износ колку?
МЈ: Па сега зависи колку ќе биде, помеѓу 15 и 18.
НГ: Ти како, како процент збореше таму или како бројка точна?
МЈ: Па…тие го спомнаа тоа, и генерално си е океј вака тоа. 5 на тоа што ќе помине. Тоа зависи од понудата, ама помеѓу 15 и 18 би се движело, согласно некои проекции колку би понудиле.
НГ: Ќе ти прифатат толку?
МЈ: Ако му кажиме ќе прифатат, да, не е тоа ништо. И на другото е толку.
НГ: Да не е многу бе, а? Да не се претера, претера новинарството.
МЈ: Еве ја одев по некоја аналогија од претходното, и…и тие спомнаа во една прилика така. А, три е… три е онака коректно.
НГ: Мхм. Пробај со 15 да видиме како ќе ти реагираат, па ајде, јави се.
МЈ: Океј.
НГ: Ајде.

Ова е аналогијата по која Груевски и неговите соработници со години се водеа во своите идеи и визии за инфраструктурниот и економски развој на државата, Се друго е „ветер и магла“.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Ужас: Приведени мажи за силување на девојче помало од 14 години во Струга

Двајца повозрасни мажи и еден малолетник се приведени во Струга под сомнеж за полов напад врз малолетничка помала од 14 години. СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени жители… Прочитај повеќе

Пари, среќа, нови можности: Три хороскопски знаци ќе доживеат голем успех во април

Откријте според хороскопот кого ќе го „грее сонце“ во април, кои три знаци ќе имаат најмногу среќа на полето на љубовта, работата и финансиите! Според астрологијата и во однос на… Прочитај повеќе

Груби: Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени

Членот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција, Артан Груби пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата во Мала Речица истакна дека „знае дека има пратеници на… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе