Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Поради магла намалена видливоста на повеќе патни правци во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Поради појава на магла, намалена видливост до 100 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Ресен, Охрид – Струга, М.Брод – Кичево и на планинскиот превој Плетвар, од 50 – 100м. на патниот правец Штип – Струмица и Штип – Неготино, од 50 – 100м. на патниот правец Тетово – Скопје и од 100 – 150м. на патните правци Велес – Катланово, Катланово – Велес и Св.Николе – Куманово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК

ОСУМ МИГРАНТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ВОЗИЛО – Приведен 40-годишен албански државјанин

ДЕСК