17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Објавен повик за наставници од основни училишта за кариерно напредување во звање ментор

На стартот на новата календарска година, Министерството за образование и наука со нова можност за кариерно напредување на наставниците од основните училишта. Информираме дека на веб порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk објавен e повторен повик за пријавување на наставници од основни училишта за напредување во звање „ментор“.

На повикот може да се пријави наставник од основно училиште кој ги исполнува условите согласно Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, односно има најмалку 7 години работни искуство како наставник, вработен е на неопределено работно време и ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор.

Во самиот повик е наведена листа со општини и училишта на кои се однесува истиот.

Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 20 февруари 2023 година.

Министерството за образование и наука ги повикува сите наставници од наведените јавни основни училишта во повикот, доколку ги исполнуваат условите, да ја поднесат својата пријава во предвидениот рок, за да го остварат законски утврденото право за напредување во звање „ментор“, а со тоа и да си обезбедат повисок личен приход.

Можеби ќе ве интересира

Малолетник претепан во Куманово

ДЕСК

Крвава масовна тепачка го потресе Скопје синоќа меѓу десетина граѓани – со болнички пренесени повеќемина тешко повредени, има уапсени

ДЕСК

Ограбен сеф од локал во Скопје – полицијата во потрага

ДЕСК