11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Апсења на повеќе локации низ Македонија – Се апсеше во Бит пазар, Тетово, Битола и на охридскиот аеродром…

На 03.01.2023 пред угостителски објект на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода Д.Ч.(36) од Битола, затоа што кај него била пронајдена бела материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.01.2023 околу 21.30 часот на патот за „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(50) и А.Ј.(36), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

На 02.01.2023 во 10.20 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Џ.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.01.2023 околу 19.00 часот на улица „107“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од тетовско Непроштено, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против малолетникот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.01.2023 во 16.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Ѓ.(42), А.Ш.(42) и З.Ш.(45), сите од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.01.2023 околу 23.00 часот на патот за „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 43-годишниот тетовец Е.И., затоа што кај него бил пронајден нож. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по Законот за оружје.

На 02.01.2022 во 13.00 часот на Граничниот премин Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Е.К.(36) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека хрватската патна исправа што ја приложил на увид била фалсификувана. Исто така, при преглед кај него биле пронајдени фалсификувани хрватска лична карта и хрватска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка.

Спонзорирано: