Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Македонската држава официјално го започнува претседавањето со ОБСЕ

„Од први јануари нашата држава и официјално го презеде претседавањето со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација во која членуваат 57 земји меѓу кои се и САД и Русија. Ова е еден од најголемите успеси на македонската димпломатија“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

Оттаму посочуваат дека „во 2023 година кога светот се уште е во деликатен период поради агресијата врз Украина, токму нашата, македонска држава ќе има важна улога во зачувување на светскиот мир и стабилност“.

„Ако до пред неколку години, стоевме надвор и чекавме одлуки за нашата иднина, денес, седиме на главните маси на најголемите светски организации и сами решаваме не само за нашата, туку и за светската иднина. Благодарение на димпломатските победи на владите предводени од СДСМ, денес сме почитувана држава, пријател и партнер на демократскиот свет“ се вели во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК