Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожари во 4 куќи и станови низ Македонија

На 01.01.2023 во 13,15 часот во СВР Охрид било пријавено дека во куќа на ул. “Ристо Крле“ во Струга, настанал пожар од кој биле опожарени повеќе простории во куќата. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Струга. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.

На 02.01.2023 во 06,00 часот во СВР Куманово е пријавено дека во куќа на ул. “251“во Куманово настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Куманово.

На 01.01.2023 околу 02.10 часот во Полициска станица Карпош, Д.Н.(63) од Скопје пријавил пожар во неговиот стан на подрачје на Карпош. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.01.2023 околу 11,10 часот во Полициска станица Гостивар е пријавено дека во куќа во с.Здуње, настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарна единица Гостивар. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК