Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Температури и до 17 степени: Метеоцентар со детална прогноза за првите пет дена од Новата година

Во најголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои преку денот ќе се намалуваат.

Во Скопје со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат.

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. Во среда ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе ги намали условите за магла.

Прогноза за 03.01.2023
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 04.01.2023
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен од северозападен правец, особено долж Повардарието , што ќе ги намали условите за магла.

Прогноза за 05.01.2023
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Во најголем дел од земјава умерено облачно. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои преку денот ќе се намалат.

Можеби ќе ве интересира

ПОЖАР ВО КУЌА НА БИТ ПАЗАР ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари

ДЕСК

НАПАД НА БЕНЗИНСКА ПУМПА, ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА И ЗАКАНИ КОН ДЕКАН И ПРОФЕСОРИ – Три одделни случаи во Скопје и Тетово

ДЕСК

НАПАД ВРЗ ЖЕНА, ЗАКАНИ ПРЕКУ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА И ВОНБРАЧНА ЗАЕДНИЦА СО 14-ГОДИШНО ДЕТЕ – Три одделни случаи во Скопје и Кумановско

ДЕСК