Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Страотна сообраќајка во Прилеп: Се судрија автомобил и скутер

На 31.12.2022 околу 16.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Орде Чопела“ со ул.„Мире Цилкоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.С.(71) од Прилеп и мотоцикл „априлија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(35) од Прилеп.

По несреќата, Г.К. бил пренесен во Градска болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДНАТ 41-ГОДИШЕН КУМАНОВЕЦ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Полицијата го расчистува случајот

ДЕСК

ФИЗИЧКИ НАПАД ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – 39-годишен скопјанец пријавил дека бил нападнат од свој врсник

ДЕСК

АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН СОПСТВЕНИОТ ТАТКО – Приведен 29-годишник во Радовиш, известен јавен обвинител

ДЕСК