Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Прегазен пешак во Богданци

На 01.01.2023 во 01.50 часот во Полициската станица Гевгелија, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Дојранска“ во Богданци со тешки телесни повреди бил пронајден М.М.(40) од Богданци, кој бил пренесен во Општа болница Гевгелија за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија

. Во 03.20 часот во Полициската станица Гевгелија, Д.В.(37) од Богданци пријавил дека околу 02.00 часот на ул.„Дојранска“ во Богданци со своето патничко возило „фолксваген бора“ со гевгелиски регистарски ознаки удрил во пешак и го напуштил местото затоа што, како што пријавил, немал телефон да повика помош. Според пријавеното, откако нашол негов другар се јавиле на 194. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА – Камион „МАН“ удрил во метална ограда, тешко повреден 48-годишен возач

ДЕСК

ДВАЈЦА ЖИТЕЛИ НА МАЛА РЕЧИЦА ДОБИЈА КРИВИЧНА ПРИЈАВА – Осомничени дека физички нападнале 25-годишен сограѓанин

ДЕСК

ЧЕТВОРИЦА ПРИВЕДЕНИ НА ПАТОТ БЛАТО–ДЕБАР – Во „сеат леон“ пронајдена марихуана, возачот имал активна забрана за возење

ДЕСК