Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Хрватска го воведе еврото, на полноќ влезе во Шенген

Хрватска на полноќ го воведе еврото и влезе во Шенген.

Обврската за двојно изразување на цените ќе трае до крајот на 2023 година.

На полноќ започна периодот на двојна циркулација, кој ќе трае до 14 јануари, а во тој период при готовински трансакции, покрај еврото, како законско средство за плаќање може да се користи и куната, пренесува Индекс.

Укинати се граничните контроли на копнените и поморските гранични премини, а на пролет ќе бидат укинати и на аеродромите.

На граничниот премин Брегана симболично беше подигната рампа и запалено зеленото светло за слободно минување на местото на поранешната гранична контрола.

Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ во Брегана беше домаќин на словенечката министерка Сања Ајановиќ Ховник, а по кратка средба точно на полноќ истовремено беше подигната рампа од двете страни на границата, со што се овозможи слободен премин меѓу двете земји.

Пет минути пред полноќ полициски службеници на Брегана ја извршија последната гранична контрола.

Делегациите на двете земји потоа се упатија на словенечката страна, на просторот на поранешниот граничен премин Обрешје, каде началниците на полициските станици и полициските службеници меѓусебно се заблагодарија за досегашната соработка, со симболично отстранување на плакетите од зградата на полицијата во Обрежје.

Можеби ќе ве интересира

Кафичите и рестораните стануваат се поскапи и понедостижни за просечниот граѓанин

ДЕСК

Средба на гувернерот Славески со директорот на ЕБОР, Желињски: Продлабочување на соработката за поддршка на одржливиот економски развој и финансиската вклученост

ДЕСК

На музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк

ДЕСК