Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

(Видео) Ковачевски: Среќна Нова 2023, продолжуваме заедно и посветено да работиме за европска иднина на земјата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на сите граѓани им ја честита Новата 2023 година, посакувајќи им многу здравје, успех и убави моменти поминати со најблиските. Во честитката до граѓаните, премиерот изразува верба дека годината пред нас ќе биде подобра, во која продолжуваме напорно да работиме за да ја зајакнеме економијата, да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните, да обезбедиме просперитет, достоен за земја која го чекори својот пат кон Европската Унија, стои во честитката на Ковачевски.

„Зад нас оставаме тешка година полна со многу предизвици и многу неизвесност, со тешки и критични моменти наметнати од економската и енергетската криза. Ветивме дека никој нема да биде оставен сам, и ветувањето го исполнивме. Спречивме ценовни шокови, обезбедивме стабилна и евтина струја од домашно производство за сите домаќинства и мали компании, ги поддржавме работниците, бизнис заедницата, пензионерите, ранливите категории граѓани. Ги зголемивме минималната и просечната плата, но и платите во образованието, здравството и во безбедносните сектори. Го заштитивме стандардот на сите граѓани, ги одржавме компаниите ликвидни и со тоа ги заштитивме работните места. Обезбедивме доволно храна, струја и топлина за сите.“

Премиерот Ковачевски во честитката се осврна и на отпочнувањето на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија.

„Донесовме и тешки, но државнички одлуки и после три децении, започнавме преговори за полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. Денес седиме гордо на големата маса во Брисел и директно учествуваме во одлуките кои се однесуваат на нашата европска иднина. Во новата 2023, сите заедно да продолжиме да ја градиме европската иднина на земјата. Затоа што граѓаните заслужуваат да живеат во ЕУ, но тука, дома во Северна Македонија. Заслужуваат да живеат во земја дел од сојуз со врвна демократија, социјална правда, владеење на правото и забрзан економски развој. Граѓаните заслужуваат да имаат подобар и побогат живот.“

Премиерот во новогодишната честитка посочи дека со поддршка од граѓаните, продолжува посветената работа на спроведување активни мерки, политики и закони за справување со кризата, но и за натамошен севкупен напредок на државата.

„Со јасна визија и со напорна работа, нема недостижна цел“, истакна премиерот Ковачевски, посакувајќи им на граѓаните среќни празници.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Ужас: Приведени мажи за силување на девојче помало од 14 години во Струга

Двајца повозрасни мажи и еден малолетник се приведени во Струга под сомнеж за полов напад врз малолетничка помала од 14 години. СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени жители… Прочитај повеќе

Пари, среќа, нови можности: Три хороскопски знаци ќе доживеат голем успех во април

Откријте според хороскопот кого ќе го „грее сонце“ во април, кои три знаци ќе имаат најмногу среќа на полето на љубовта, работата и финансиите! Според астрологијата и во однос на… Прочитај повеќе

Груби: Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени

Членот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција, Артан Груби пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата во Мала Речица истакна дека „знае дека има пратеници на… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе