Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

25 санкционирани возачи на територија на СВР Велес

Во текот на вчерашниот ден (30.12.2022) во периодот од 14.00 до 19.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на СВР Велес за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 25 возачи, од кои 10 за возење без возачка дозвола. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски учествуваше во хуманитарната акција на СДММ Куманово

ДЕСК

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК