Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Златко Ориѓански – Најуспешен промотор на македонската култура на годината

Редакцијата наCentar.mk му оддава признание на Златко Ориѓански за “најуспешен промотор на македонската култура за 2022”.

Златко Ориѓански, е основач и директор на Културниот македонски информативен центар во Тирана, каде на особено креативен начин се промовира македонската култура.

Во КИЦ Тирана може да се забележат илустрации од уметникот Зоран Кардула, а таму годинава беше промовиран и македонскиот ајвар, крушевскиот локум, музиката на „Љубојна“.

Успешната година за КИЦ Тирана ја надополни и изведбтаа на пијанистката Ивана Мазнејкова. За прв пат во Албанија концерт одржа Влатко Стефановски, токму во Културниот информативен центар.

Златко Ориѓански во една прилика за Novatv.mk раскажува:

„Беше 5 – ти јануари кога се преселив во Тирана, тој ден врнеше топол медитерански дожд. Живеев во хотел, барав стан, барав простор за нашиот Културно информативен центар. Тргнав од нула. На 29-ти април 2021 година на мое големо задоволство, ја закачив таблата на која пишува ,,Амбасада на Република Северна Македонија,, – Културно информативен центар. Направивме нова, наша институција во Република Албанија. На 10-ти јуни се случи свечено отворање, пред многубројни гости од политичкиот и културен живот на оваа прекрасна земја. Од тука натаму, започнав со програма и претставување на нашата земја и нејзината култура. Направивме добри работи, ова место веке е познато меѓу тиранчаните и Албанците воопшто, овде, та дури и на Косово“, своевено раскажува за Новатв, Златко Ориѓански.

Можеби ќе ве интересира

221 ПРЕКРШОК ЗА САМО ПЕТ ЧАСА – Пешаците и возачите под засилена полициска контрола

ДЕСК

БЕЗ СТРУЈА ВО ПЕТОК ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ – Објавени улиците, населбите и часовите на прекините

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ВО ПЕТОК – УХМР предупредува, од сабота следува заладување

ДЕСК