Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Влатко Стефановски – Најдобар музичар на годината

Редакцијата на Centar.mk за оваа година му оддава признание на Влатко Стефановски за “Најдобар музичар на годината”.

Нашироко познатиот Стефановски имаше исклучително плодна година.

Познатиот македонски музичар го издаде албумот “Greatest hits”. После 40 години се врати во МКЦ со маестрален концерт. Оддржа одличен концерт на Хераклеа со Танец. Оваа година Влатко Стефановски свиреше на македонската вечер во Белград во рами на Саемот за вино, храна и туризам на Отворен Балкан, настапи на Охридско лето со српскиот колега Мирослав Тадиќ.

Со Дадо Топиќ издадоа рок балада, а во Чикаго настапи со бугарскиот колега Теодосиј Спасов

Треба да се издвои дека Стефановски за прв пат свиреше во Тирана, а постојано оддржува одлично посетени концерти во регионот, Европа и пошироко.

Чувар на македонската традиција и автор на прогресивен гитарски звук

Добро е да се напомене и дека македонскиот премиер на Папата му подари плоча од Влатко.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК