24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Најголемите лаги на Мицкоски се искажани во 2022 година, затоа никој не му верува

Цела 2022 година Христијан Мицкоски шири лаги во јавноста, изнесува манипулации и конструкции затоа никој не му верува. Меѓу најголемите лаги на Мицкоски е дека ВМРО-ДПМНЕ не била во коалиција со Данела Арсовска. Факт е дека таа беше нивен кандидат за градоначалник, дека токму Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ бараа поддршка од граѓаните за Арсовска, факт е дека таа победата ја славеше во Белиот дворец. Коалицијата Мицкоски – Арсовска – Левица и натаму функционира. Кавгите меѓу Арсовска и Мицкоски биле само заради тендери, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека во својство на шпицен градоначалник, Мицкоски најавуваше набавка на 100 електрични автобуси за јавен превоз во Скопје и отворање на фабрика за производство на електрични автобуси, која ќе вработи минимум 500 луѓе. Не само што нема 100 нови електрични автобуси, туку и тие што ги има веќе не возат, ја нема ниту фабриката за автобуси.

Мицкоски го лажеше народот дека со прифаќањето на европскиот предлог, ќе следи асимилација и бугаризација. Лажеше дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект, дека нема да започнеме преговори со ЕУ. Преговорите започнаа и тоа со заштитен идентитет и јазик.

Најголемите лаги на Мицкоски се искажани во 2022 година, се што кажа – излажа, затоа никој не му верува, се вели во соопштението.